Шпанска колонизација на Америка
Шпанската колонизација на Америка се однесува на населувањето и воспоставувањето над поголемиот дел од западната хемисфера политичка власт која била иницирана од страна на шпанските конквистадори. Почетокот на овој процес започнува со доаѓањето на Кристофер Колумбо во 1492. Во текот на три века, Шпанската империја успеала да ги колонизира Централна Америка, поголемиот дел од Јужна Америка, Мексико, регионот Југозапад кој денеска е во составот на САД, Карибите и бреговите на Северна Америка од страната на Тихиот океaн, до Аљаска . Во почетокот на 19 век, шпанските територии во Америка започнале да се одлелуваат од империјата каде бле создадени поголем број на независни држави. Ова придонело Шпанија да ги загуби сите колонии во Америка во 1825 година. Останатите шпански колонии, Куба и Порторико биле окупирани од страна на САД пошпанско-американската војна (1898), завршила ерата на шпанското владеење на Америка.Ерата на Кристофер Колумбо
Кристофер КолумбоПо неуспехот на Колумбо да го убеди кралот на Португалија да ја спонзорира неговата експедиција, тој се обратил кон Кралство Кастилја и Кралство Арагон, односно кон нивните кралеви Изабела I Кастилјска и Фернандо II Арагонски, во кое и успеал.
Првите шпански колонисти, кои Колумбо ги довел со себе на своето второ патување, се населувале крај Карибите. Шпанците кои сакале да преземат експедиција во Новиот свет, морале да добијат дозвола од Круната и да му платат на монархот една петтина од секое богатство собрано во новите колонии, а притоа колонизаторите сами ги финансирале своите експедиции. Првите шпански колонисти во Америка биле заинтересирани само за експлоатација на златото и среброто, и успевале во тоа. Шпанската тврдина изградена во 1565 година во Сент Аугустин на Флорида, станала првата постојана европска населба во денешните Соединети Држави.
Шпанците биле првите Европјани кои стигнале до Апалачките Планини, до реката Мисисипи, Големиот Кањон и до прериите западно од Мисисипи. Во 1540 година, Де Сото презел истражувачка експедиција, а Франциско Васкез де Коронадо повел 2.000 Шпанци и Индијанци од Мексико низ денешната граница меѓу Аризона и Мексико и стигнал до централен Канзас.
Покрај Сент Аугустин, Шпанците ги основале и градовите Санта Фе, Албукерк, Сан Антонио, Тусон, Сан Диего, Лос Анџелес и Сан Франциско.
Освојување на Мексико
Шпанското освојување на Мексико е еден од најзначајните моменти во историјата на Америка. Најзначаен конкистадор од тоа освојување бил Ернан Кортес. Империјата својот најголем подем го достигнала во времето на император Ахуцоти од 1486 до 1502 година. Неговиот наследник Монтезума II бил само на 17 години кога Ернан Кортес со својата војска пристигнал на Мексиканскиот Залив во 1519 година. Независно од некои претходни битки меѓу Шпанците и Ацтеките, Ернан Кортес пред вратите на Тенохтитлан пристигнал на 8 ноември 1519 година.
Монтезума II го подготвувал градот за пречек на Шпанците, сметајќи го Кортес за Богот Кецалкоатл. Кортес имал свои барања, кои ги добил заедно со многу количество злато. На паганските места каде се наоѓале крв или некои пагански идоли, Кортес поставувал христијански симболи. По ова, Кортес го заробил Монтезума II и го држел како заробеник како осигурување доколку би дошло до побуна од Ацтеките. За него тој барал откуп во злато. Огромни количества на злато му биле донесени на Кортес. Кортес добил вест дека гувернерот на Куба, Веласкез испратил голема војска под раководство на Панфилиј де Нарвез. Веласкез сакал да го уапси Кортес и да го осуди поради непослушност. Кортес бргу реагирал, водејќи борба со приврзаниците на Веласкез, и притоа заробувајќи ги. По ова, тој повторно се вратил во Тенохтитлан.
Ацтеките организирале побуна против шпанското освојување на градот и заробувањето на императорот. Тогаш биле убиени голем дел од ацтечката војска. Тогаш Ацтеките ја опседнале палатата каде се наоѓале Шпанците. Кортес барал од Монтезума II да му нареди на својот народ да се повлече, но народот не го послушал, па во еден од нападите, императорот бил повреден, и по неколку дена починал. Шпанците биле принудени да бегаат од градот, земајќи колку што можат од златото.
По ова, Шпанците успеале некако да се повлечат до Тлаксалите. Кортес им предложил да направат сојуз преку кој ќе го освојат Тенохтитлан. Од своја страна, Тлаксалите барале да не плаќаат даноци на Шпанците кога ќе го освојат градот. Но, кога Шпанците го освоиле градот, Кортес не го почитувал договорот.
Карта на Шпанска Америка
Освојување на Перу
Во почетокот на 16 век, Шпанците Франциско Пизаро успеале да ја заземат Империјата на Инките. Тие ја искористиле неодамнешната граѓанска војна во империјата (меѓу фракции на браќата: Атахуалпа и Хусчар). Така, при т.н. трето патување на Пизаро во Перу, Атахуалпа бил заробен и следната година погубен. Така во 1542 било создадено Вицекралството Перу кое опстојувало до 1824.Француски колонии
Франција поседувала колонии, во најразлични облици, од почетокот на XVII век па сè до 1960 г. Во XIX и во XX век, нејзината колонијална империја била втора по големина во светот, после Британската Империја. Меѓу 1919 и 1939, втората француска колонијална империја поседувала над 12,347,000 квадратни метри(4,767,000 sq mi) земја. Вклучувајќи го континенталниот дел на Франција, целосното француско подрачје достигнувало 12,898,000 квадратни километри (4,980,000 sq mi) во 1920тата and 1930тата, што изнесува 8.6 % од светската површина.Во текот на XVII и XVIII век, Франција основала колонии и во Северна Америка, (Нова Франција — по долниот тек на реката Сент Лоренс во Канада), во САД, во Луизијана и на Карибите. Нова Франција била изгубена во војната со Британците во 1763 година, додека пак Наполеон ја продал Луизијана во 1803 година на САД. По Втората светска војна, дел од француските колонии меѓу кои и Виетнам (поранешна Индокина) и Алжир ја стекнале својата независност после крвави воени конфликти.
Откривање на Новиот свет
Португалскиот ривал Кастилија (денешна Шпанија) многу побавно се развивала во однос на Португалија, која сè повеќе навлегувала во внатрешноста на Атлантскиот Океан. Но со обединувањето на Кастилија и Арагон и завршувањето на Реконквиста, станало јасно дека Шпанија својата политика целосно ја насочила кон пронаоѓање на нови трговски патишта. Во 1492 година била заземена Гранада, која претходно се наоѓала под управа на Маврите. Властите во Шпанија го ангажирале џеновјанецот Кристофер Колумбо за започнување на нови поморски патувања за изнаоѓање на патот до Индија. Овој пат пловејќи кон запад. Со тоа се очекувало да се избегне заобиколувањето на Африка.Колумбо не пристигнал во Азија, туку пристигнал на еден нов непознат свет за Европа, Америка. Во 1500 година португалскиот морепловец Педро Алварес Кабрал го открил Бразил. Се јавила потреба од поделба на новооткриените територии меѓу двете монархии, Шпанија и Португалија, за да се избегне воен конфликт. Тоа било решено со интервенција од страна на папата во 1494 година, со Договор од Тордесиљас, со кој сферите на влијание биле разделени меѓу двете земји. Португалија добила сè што се наоѓало источно надвор од Европа, западно од Зеленортските Острови. Ова ѝ овозможило на Португалија да воспостави голема контрола врз Африка, Азија и источниот дел од Јужна Америка. Шпанија го добила останатиот дел, односно островите на Тихиот Океан и западниот дел на Америка.
Кристофер Колумбо заедно со други шпански морепловци, во почетокот биле разочарани од своите откритија. За разлика од Африка и Азија, Карибите нуделе помалку услови за трговија. Новите острови биле цел на колонизација од страна на Шпанија и Португалија. Шпанија пристигнувајќи во Латинска Америка се соочила со големи империи кои веќе опстојувале. Но сепак, Шпанија успеала да ги порази староседелците на Америка. Една од најпознатите империи од тоа време била империјата на Ацтеките (на територијата на денешно Мексико), а била поразена во 1521 година, и империјата на Инките во денешен Перу, која била поразена во 1532 година.
Во 1519 година, шпанските власти ја финансирале експедицијата на португалскиот морепловец Фернандо Магелан. Целта на патувањето била пронаоѓање на Молучките Острови, и нивно ставање во шпанската сфера на политички и економски интерес.
Заштитени од директниот шпански конкурент со Договорот од Тордесиљас, португалското истражување и колонизирање на новите земји продолжило со брзо темпо. Португалците станале првиот народ од западната цивилизација кои пристигнале до Јапонија и тргувале со неа. Од страна на португалскиот крал Мануел I била направена стратегија која им овозможувала на Португалците да ги контролираат сите главни трговски патишта на исток. Така биле колонизирани Златниот Брег, Луанда, Мозамбик, Занзибар, Момбаса, Сокотра, Ормуз, Калкута, Гоа, Бомбај, Малака, Макао и Тимор.
Португалија имала тешкотии со проширувањето на својата империја. Со тие тешкотии главно се соочувале покрај крајбрежните реони. Во 1580 година шпанскиот крал Филип II станал крал и на Португалија, како законски наследник на царската власт на неговиот роднина Себастијан, кој починал без да остави машки наследници (Филип бил внук на Мануел I). Така била создадена уште поголема империја на Иберискиот Полуостров. Научниците и истражувачите од Холандија, Франција и Англија биле игнорирани од папата. Во 17 век, Португалија постепено започнала да ги губи своите позиции во Западна Африка, Блискиот и Далечниот Исток. Бомбај бил под влијание на Англија, Макао, Тимор, Гоа, Ангола и Мозамбик останале под Португалија, а Бразил под Холандија.
Последици од големите географски откритија
Големите географски откритија се од суштинско значење и претставуваат еден од најзначајните периоди во светската историја. Големите географски откритија предизвикале големи промени во тогашниот свет на Европа. Тие претставуваат почеток на периодот на светска хегемонија на оној мал дел на крајниот запад од Стариот свет, што денес се нарекува Западна Европа. Овој период на доминантна улога во светската политика на западноевропските држави завршува дури со крајот на Втората светска војна. Некои од промените кои довеле до ова се наведени во текстот што следи.Седиштето на светската трговија било преместено од Венеција и Џенова најпрво во Шпанија, а потоа во Англија и Франција. Големото количество злато кое пристигнувало од Америка довело до инфлација и пад на цените на металот.
По овие откритија биле отворени нови можности во новиот свет. Една од најголемите последици од големите географски откритија е создавањето на колонијални империи, од кои како најголема се оформила Шпанската колонијална империја. Шпанија завладеала со целата Централна Америка и со голем дел од Јужна и Северна Америка. Суровините од новиот свет биле искористувани максимално, а тамошното население го претворале во робови. Во 16 век, 83 % од светската трговија со злато и сребро ѝ припаѓала на Шпанија. Но нејзинот економска и политичка моќ траеле многу кратко - само околу еден век. Како главна причина за задржување на новите земји под нивна контрола е фактот што Шпанците географските откритија ги користиле за натрупување на богатство со што би се развивала нивната империја. Главниот соперник на Шпанија, Португалија завладеал со дел од Јужна Америка и крајбрежјето на Африка (Ангола, Мозамбик). Но како многу помала држава, со многу помалубројна војска, Португалија создавала територии само по крајбрежјата, преку кои се организирала трговијата на различни стоки.
Шпанците применувале сила во пресметките со постојните империи во Америка со цел замена на локалните пагански ритуали со католицизмот. Слични облици на однесување во новоосвоените територии се забележуваат и кај останатите европски империи од тоа време (Британија, Холандија, Русија и Франција). Новата религија ги заменувала паганските обичаи, новите јазици ги заменувале старите во многу области од Северна Америка, Австралија, Нов Зеланд и Аргентина. Индогеното население било злоставувано и протерувано од сопствената земја и во голем број случаи било редуцирано на малцинство кое немало никаква политичка моќ.
Можеби најмоќното оружје на Европјаните во одност на индогеното население на Новиот Свет биле заразните болести кои тие со себе ги носеле. Новите болести, во одност на кои доморотците немале никаков имунитет за кратко време ја редуцирале оваа популација за околу 50 до 90 %
Од новите континенти во Европа се пренесени земјоделски култури како што се компирот, доматите,гравот, пченката и др. Во периодот по големите географски откритија се појавила и револуцијата на цените. Всушност од новите континенти донесено е големо количество на богатство во најразлична форма (злато, сребро, скапоцени камења и др.) чија цена паднала, како резултат на зголемената понуда. Од друга страна, пак, цената на земјоделските производи значително се зголемила.
Од идеолошка гледна точка со патувањата околу светот се докажало спротивното од тврдењето на црквата, а тоа од своја страна влијаело врз намалување на авторитетот на црквата, што придонело за побрз развој на науката, банкарството и манифактурното производство.

